Серумот за лице за сува и нормална кожа иако 100% маслен има брза апсорбирачка моќ и се впива во кожата веднаш хранејќи ја со богатиот состав на витамини и минерали. Со долготрајно дејство. Состав кој вклучува јојоба, составена од естери, слични на човековиот себум со што го одржува балансот околу неговата секреција. Невенот содржи каротеноиди и флавоноиди. Третира чувствителна кожа – лекува и намалува воспаленија. Маслото од цвет од диви ружи – едно од најлуксузните масла на пазарот. Извор на омега 3,6 и 9 масни киселини, витамини А, Ц, Е и линолејска киселина. Ја ревитализира кожата враќајќи и го убавиот, здрав сјај. Формула збогатена со токоферол или витамин Е, природен антиоксиданс, борец на слободните радикалии, како и со Ретинил или витамин А, познат по своето антиејџ дејство. Помага во реконструкција на колагенот. Лавандата пак, смирува иритација и црвенило. Финален производ ефективен во борбата со стареењето. Нема да затвори пори и ќе ја остави кожата да дише.
- Без ДДВ: 890 ден
- Шифра на производ: Face Serum 30ml
- Достапност: На залиха