За Нас
Пура Перла е бренд за природна, рачно работена козметика произведена во Македонија. Фирмата е основана во октомври, 2019 година од страна на брачниот пар Бојан и Марија Чунде.
Како љубители на природата, уште од студентски денови тие користат козметички производи кои ги прават сами дома. Меѓутоа, кога близок член на нивното семејство се разболува и има потреба од комплетна палета на чиста козметика а тие не се во можност да ја најдат на пазарот, почнуваат поактивно да се интересираат за изработка на козметика дома. Сето тоа ги тера да размислат дали можеби тие треба да ја пополнат таа дупка на македонскиот пазар. Како пар, заедно се договараат и решаваат да ја реализираат оваа идеја. Едниот се посветува на квалификации во маркетинг и менаџмент а другиот започнува студии за технологија на производство на природна козметика на Институтот за Природни Науки во Лондон. Па така, сите формули за производите се плод на брендот кои тие го создаваат, Пура Перла. Целта е да се креираат продукти кои ќе ја штитат и хранат кожата, нема да се штетни за организмот но и за животната средина и за крај, не се тестираат на животни.
Најголем предизвик при производствениот процес е оформување на точна и правилна формулација со цел производот да биде максимално корисен при третманот или негата на кожата. За се ова да се реализира, најпрво се селектираат суровините потребни за изработка на даден производ. Потоа следи процес на одредување на нивни сооднос, па период на тестирање и одредување на правилни параметри. После неколкумесечна анализа во нашата лабораторија производот влегува во фаза на продажба. Сите продукти се произведуваат во наша работилница под строго одредени санитарни услови во кои максимално се почитува кругот чисто/нечисто и она што е важно да се напомене е дека при процесот не се користат метални предмети и површини со што се одбегнува оксидација или намалување на квалитетот на природните суровини.
Наше мото е да создаваме т.н. clean formula, односно, производ без парабени, синтетички бои и мириси, прости алкохоли, минерални масла, сулфати, силикони. Наша лична одлука е во производите да не го користиме ни палминото масло, како и суровини од животинско потекло, со цел да се соедини најдоброто од природата и науката и да се креираат производи кои ќе дадат брз и видлив резултат.
Она што сметаме дека не издвојува од другите брендови е што нашите производи содржат повисока концентрација на масла и путери во однос на вода со што се многу похранливи и создаваат заштитен слој на кожната бариера, како и повисока концентрација на делотворни активни компоненти чие дејство е научно докажано. Сите состојки кои се користат при нашето производство се некомедогени и се молекуларно прилагодени за да можат да продрат до подлабоките слоеви на кожата и така да се продуцираат веднаш видливи резултати. Меѓу суровините ретинил палмитат, витамин Ц, веган хијалуронска киселина, сквалеин, марула тетрадекан, фер тргуван шеа путер, масло од јојоба, масло од див цвет на ружа, антиоксиданси и многу други активни состојки чие делување е клинички докажано. Вкупен број на производи во нашата палета е 35 кои се поделени на:
- Active Collection
- Body Collection
- Hair Collection
- Mom & Baby Collection
- Beard & Mustache Collection
Идејата е производите да третираат и помагаат при одредена проблематика, како: сува/дехидрирана кожа, масна кожа, акни, митесери, фини линии и брчки, хиперпигментација, поттикнување на раст на влакно.
Нашите потрошувачи се оние кои ја делат со нас clean филозофијата на живеење, најчесто се самосвесни жени кои знаат што купуваат затоа што се информирани. Најчесто, тоа се клиенти меѓу 30 – 65 години а ние како бренд се обидуваме да им формираме едноставна рутина по однос чистач-серум-крема.
Она на што сме најгорди е што производите не се тестираат на животни и се eco-friendly, односно, не ја загадуваат животната средина ни при процесот на производство ни при домашната употреба кај крајниот купувач. Наш двигател е одржување на највисоко ниво на квалитет на секој производ одделно, бројни среќни и задоволни клиенти, како и чиста и здрава животна средина.